| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ги ѕиркаат облакодерите

Висококатниците во скопски Аеродром од почетокот на годинава се наѕираат од зад заштитната ограда.

По долгото поставување на темелите за кои жителите од околните згради велат дека се работеле деноноќно, сега изградбата на аеродромските облакодери тече брзо. Иако на почетокот планот за изградба на облакодери  до 124 ката ги збуни жителите во реонот, сега со нетрпение се чека завршувањето на објектот кој покрај стамбен дел, ќе нуди и многу други содржини како базен, шопинг центар, места за забава, кои веќе се рекламираат на таблите околу градежниот плац.

oblakoderiteИ покрај дозволата за „висина до небо“ , четирите згради ќе имаат по 40 ката. На почетокот на градбата беше кажано дека се очекува да бидат готови за три години. Истата компанија, турски Џеваир Холдинг, неодамна стана сопственост на Сончев град, за кој што велат дека ќе биде елитен дел на градот на јужниот дел од падините на Водно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top