Хрватскиот ТВ-канал „РТЛ“ направи избор во кој главниот збор го имаа жените во Хрватска за тоа кои се најсексапилните ракометари на Европското првенство. Во топ 5 листата на второ место се најде нашиот Кире Лазаров.
Во „стручното жири“ се најдоа моделот Тина Катаниќ и ПР-експертот, Лана Клингор Михиќ. Нивната топ 5 листа на најзгодни ракометари ги вклучи Никола Карабатиќ од Франција како петти, Микел Хансен од Данска на место бр.4, трет е Виктор Гонзалес од Шпанија, Кирил Лазаров е на второ место, а домашниот ракометар, Домагој Дувњак за нив е најсексапилниот ракометар на првенството.
Жените Лазаров го опишаа како „раскошен цвет од градината на соседите“, а Кире од водителката доби пофалба дека е „вистински маж“.
Прилогот на хрватската телевизија за овој избор на најсекси ракометари може да го погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.