| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ја одби жалбата на Словенија, резултатот останува 25-25

Ниту на повисока инстанца Словенија не успеа да ја оспори судската одлука за крајот на натпреварот Словенија – Германија на Европското првенство (ЕП) во Хрватска.

Инфарктната последна минута од мечот кој се играше во понеделинкот се уште нема епилог. Претседателството на Ракометната федерација на Словенија денеска заседава во 15 часот одржува вонредна седница со една точка на дневен ред -напуштање на ЕП. Пред одржување на седницата ја добија одлуката на ЕХФ. Ова е втора жалба по ред која ја вложува Словенија.

– Судиите одлулата ја донеле на темел на проценката на ситуацијата и користење на видеотехнологијата. Со ова се потврдува конечниот резултат Словенија – Германија 25-25 – објави ЕХФ, кој ја одби словенечката жалба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top