| четврток, 6 декември 2018 |

Роман за германски Џејмс Бонд на македонски јазик

Крими романот „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“, за Теодор, германскиот Џејмс Бонд од 21 век,зачинет со музика од Стинг, Шаде, џез од латвискиот писател Ото Озолц деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт Медиа“. Овој роман е одговорот на Латвија за британскиот Џејмс Бонд и американскиот Џејсон Борн, напишан од Ото Озолц. Книга која ги предвидува настаните пред и по Асанж, но и најновите настани во Каталонија!

Кремљ на Путун ги одгатнува најдлабоките пропусти на Западот. Светската војна е на прагот. Јазот меѓу општата јавност и политичките и економските елити во Европа и во САД станува огромен, исто како и пред Првата светска војна. Во Путинска Русија, поранешен агент на КГБ, сега олигарх милијардер со пристап до ресурсите на сите руски разузнавачките служби, прави заговор за да ги уништи темелите на слободниот свет. Зад неговиот јавен имиџ на плејбој, се крие човек кој добро ги познава западните навики и ги детектира. Со зголемувањето на глобалните тензии, неговата цел е да го подели Западот и да излезе победник во конфликтот што ќе го превизвика. Специјални служби од Германија, Португалија, Финска и од други европски земји се обединуваат за да се соочат со заканата од Русија, и – дали нешто некогаш се случува без Американците? Теодор е човекот во средината, шпион кој работи слободно. Танцот може да започне. Рибата слон не е само риба.

Ото Озолц е роден во 1970 година во Латвија, тогаш окупирана од Советскиот Сојуз. Живеел во време на бунтот против советскиот режим и неговиот последователен пад, како и транзициските години од планетарната економија до капитализам кои ја карактеризираа Латвија во деведесеттите години од минатиот век.

Во 1990 година за прв пат патувал во Скандинавија каде студирал право и работел паралелно во телевизија, како уредник на вести. Од средината на 1990-тите работел во разни меѓународни трговски друштва. За време на овој период, тој поминува неколку години во Финска и Германија.

Денес работи како публицист. Во 2010 година, го издава својот прв роман кој брзо станува бестселер во Латвија. Во 2014 излегува неговата втора книга „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top