| четврток, 6 декември 2018 |

Дански пронаоѓач обвинет за убиство на новинарка

Данскиот пронаоѓач и сопственик на подморница, Петер Мадсен е обвинет за убиство на шведската новинарка Ким Вол за време на патување во неговата подморница. Според информациите, Мадсен најверојатно ја задавил или ѝ го пресекол грлото, соопшти данското обвинителство.

Мадсен првично ѝ рекол на полицијата дека новинарката случајно настрадала внатре во подморницата, како и дека нејзините делови од телото подоцна ги фрлил во морето.

Мадсен и Вол тргнале на пат на 10 август, бидејќи таа пишувала сторија за него, а последен пат била видена жива кога подморницата испловила од Копенхаген.

Полицијата смета дека Мадсен намерно ја потопил подморницата. Како што се наведува, судењето на Мадсен ќе почне на 8 март и најверојатно ќе биде завршен на 25 април, пренесуваат данските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top