| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ одговори на жалбата на Словенија, тимот на Вујовиќ ќе го напушти турнирот?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука, поточно одговори на жалбата на Словенија за случувањата на средбата со Германија која заврши контраверзно без победник (25-25). По проверувањето на видео снимките Блаж Благотиншек доби црвен картон по што „гостите“ добија пенал кој го реализираа за бод.

Словенците вложија жалба, но без резултат и денеска ЕХФ објави дека крајниот резултат останува ист 25-25.

Каква ќе биде реакцијата од Словенија останува да видиме, бидејќи се појавија одредени шпекулации дека тие би можеле да го напуштат првенството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top