| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникар фати дете фрлено од трети кат од зграда во пламен (видео)

Си-Ен-Ен објави снимка од спасување дете од запалена зграда во американската сојузна држава Џорџија.

Како што се наведува во описот на видеото, пожарот избил на 3 јануари во округот Декалб, а снимката сега е објавена. Во пожарот биле повредени 12 луѓе.

На снимката се гледа како пожарникар фаќа дете фрлено од третиот кат на зградата.

-Го фаќавме детето како топка во американски фудбал. Беше неверојатно, изјави еден од пожарникарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top