Во соопштението потпишано од ЛГБТИ Центар за поддршка – Хелсиншки Комитет за човекови права на РМ, се изразува „најостра осуда”, како што велат на „насилството од омраза пред споменикот на „Воинот на коњ”, хулиганското дивеење и демолирањето на ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија” (додека се одржуваше проекција и трибина за правата на транс лицата), и говорот на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација.
Покрај за групата млади засега непознати лица во саботата го нападнале и каменувале ЛГБТ центарот, ЛГБТ заедницата претходно и во саботата поднесе кривична пријава против неидентификуваните организатори на Контра геј парадата за поттикнување дискриминација и насилство на социјалните мрежи.
– Бараме од МВР најитно да ги открие и уапси сторителите на кривични дела кои претепаа лице во центарот на Скопје, кои повторно го демолираа ЛГБТ центарот во „Стара чаршија, кои нападнаа и повредија полицаец во вршење на службена должност, и кои ширеа и продолжија да шират закани и говор на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентите – се вели во реакцијата ЛГБТ Центарот.
Посочуваат дека ова не бил прв напад врз ЛГБТ Центарот, но било првпат тој да биде нападнат кога во него имало луѓе и се одржувал настан, поради што сметаат дека нетолеранцијата кон ЛГБТИ заедницата станувала сé поголема.
„Поради ова, го повикуваме Јавното обвинителство конечно да ги препознае кривичните дела од омраза поради карактеристиките на луѓето, поради што бараме сторителите да бидат пронајдени и истите да бидат гонети за насилство предизвикано од диксриминација поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет на луѓето. Бараме конечно да се применат одлуките на Европскиот суд за човекови права, во кои е јасно наведено дека „сексуалната ориентација како фундаметална карактеристика на една личност, треба да се третира на ист начин како и категориите раса, етницитет и религија, кои најчесто се покриени со закони за санкционирање на говор на омраза и насилство од омраза”. Сметаме дека со ова конечно ЛГБТИ заедницата ќе добие заштита и поддршка од институциите кои треба да ги штитат правата на сите граѓани и превентивно ќе делува во иднина вакво насилство да не се повтори”, велат од ЛГБТ Центарот.
Потсетуваат дека на 21-ви јуни минатата 2012 година, Коалицијата и Хелсиншкиот комитет за човекови права пријавиле во полиција дека јавно „се поттикнува отворено насилство кон ЛГБТ лицата” и дека „Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во „Неделата на гордоста”.”
Ги повикуваат премиерот и претседателот на земјата да го осудат насилството, бидејќи и ЛГБТИ луѓето се граѓани на Република Македонија и тие треба да бидат почитувани и заштитени како и сите останати граѓани на оваа држава.
Истото ЛГБТ Центарот го бара и од лидерите на политичките партии, и од лидерите на верските заедници јавно да го осудат насилството кон ЛГБТ лицата и активистите за човекови права и да се оградат од хулиганите и неонацистичките групи кои јавно повикуваа на насилство и дискриминација.
Бараат од Владата и од пратениците да подготват законски измени со кои кривично ќе се казнува говорот на омраза врз сексуална ориентација и родов идентитет и со кои ќе се предвидат поостри казни за делата сторени од омраза врз сексуална ориентација и родов идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!


