Филип Кузмановски, играчот на мечот Македонија – Црна Гора, синоќа го објави победничкото селфи на ракометарите по триумфот над Црногорците, 29-28, на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска.
Меѓу сите ракометари и дел од стручниот штаб на репрезентацијата, на фотографијата е и една дама. Тоа е докторката на репрезентацијата, специјалист ортопед д-р Александра Димова.
Д-р Димова во предводи медицинскиот тим на машката селекција. Ова не е прво искуство на д-р Димова во македонскиот ракомет. Таа беше дел од медицинскиот тим на женската јуниорска репрезентација во минатото, кога Македонија, односно Скопје и Охрид беа домаќини на младинското Светско првенство (СП).
Најдобрите македонски ракометари и другпат имале дама во тимот. На СП 2009, кое исто така се одржа во Хрватска, дел од стручниот штаб беше д-р Ленче Алексовска-Величковска, професор по предметот спортска психологија на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Алексоовска – Величковска со ракометарите работеше како психолог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


