| четврток, 6 декември 2018 |

Во Вараждин ќе имаме најмалку два бода

Со најмалку два бода ракометната репрезентација на Македонија ќе стартува во втората фаза на Европското ракометно првенство кое се игра во Хрватска. Главната фаза Македонија ќе ја игра во Вараждин. Токму во тој град пред девет години се случи екслпозијата во македонскиот ракомет. Вараждин беше еден од четирите градови домаќини на Светското првенство (СП) на кое Македонија тогаш се пласираше по десет години пауза од големите натпреварите.

Во моментов, Македонија е прва со четири бода во групата Ц, пред Германија со три и Словенија и Црна Гора по еден. Следниот меч го играме со Германците, в среда во 17.15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top