| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо шоу на ЕП во Загреб, сакаше да брани пенал

Вистинско шоу се случуваше по мечот меѓу Словенија и Германија, кој Словенците го загубија поради видеотехнологијата и новите правила.

Откако судиите одлучија Германија да има пенал, Вујовиќ влезе на теренот и застана на голот на Словенија за тој да брани, па по мало судиско убедување се тргна.

– Зошто јас како тренер да не можам да бранам? Зошто видеотехнологијата се употребува за измислен седмерец, а зошто не претходно, кога Кавтичник беше исклучен или кога не ни беше досуден пенал – изјави Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top