| четврток, 6 декември 2018 |

По првите 30 минути Црна Гора минимилно води против Македонија на ракометното ЕП

Минимално водство од еден гол разлика, 16-15 води репрзентацијата на Црна Гора по првите 30 минути против Македонија на Европското првнество (ЕП) во ракомет кое се одржува во Хрватска.

Во мечот од второто коло од групата Ц која се игра во Загреб, во „Арена“ избраниците на македонскиот селектор Раул Гонзалес се во ситуација во која постојано ја „бркаат“ предноста над Црна Гора. По почетносто водство на Македонија, ракометарите на Црна Гора направија серија од 4-0 (6-4). Македонија ја намалуваше разликата, се доближуваше, па на моменти имаше и водство, но не успеаја да ја задржи разликата.

Капитенот Кире Лазаров со три гола од кои два од пенал е најефикасен по првите 30 минути. По два погодици постигнаа Филип Миркуловски и Пешевски, а во листата на стрелците се запишаа и Талески, Стоилов, Прибак, Никола Маркоски, Георгиевски и Кузмановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top