| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ: Судиите направија панаѓур

Веселин Вујовиќ, ракометниот селектор на Словенија по мечот со Германија го искажа своето незадоволство.

– Им честитам на Германците за освоениот бод, задоволен сум од играта на моите играчи. Зошто во последната секунда бараа видео снимка, а не претходно кога беше пенал на Генсхајмер, а по приговорот ни исклучија играч. Зошто тогаш јас да не можам да бранам пенал? Никој во салата не знаеше што се случува, си направија панаѓур од натпреварот. Тоа е затоа што спортот го водат дебили, – изјави бесниот Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top