| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија стигна до втор триумф на ракометното ЕП

Ракометната репрезентацијата на Шпанија стигна до втор триумф во групата Д на Европското првенство кое е во Хрватска, откако попладнево во израмнет меч ја победи Унгарија со 27-25. Во речиси изедначен меч, Шпанците за нијанса беа подобри од Унгарците, па стигнаа до втората победа која на „црвената фурија“ и гарантира сега најмалку два бода во втората рунда во која вкрстуваат со групата во која е Македонија.

Алекс Душебаев, Валеро Ривера, Аитор Арино и Адриан Фигуерас постигнаа по четири гола и беа најефикасни во таборот на Шпанците.

Бенце Баниди со седум гола и Жолт Балог со шест беа најефикасни кај Унгарците, кои против Чешка во послендото коло ќе ја бараат шансата за да продолжат во следната рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top