Ракометарите на Македонија со победа го почнаа учеството на Европскиот шампионат во Хрватска. Со нов триумф против Црна Гора вечерва (20,30 часот) во Загреб нашите ракометарите ќе го обезбедат пласманот во следната фаза.
– Црна Гора на отворањето не одигра добро, тие можат и знаат да играат подобро. Неиграњето на Борозан е проблем за нашиот денешен противник, во чии редови има и други добри бекови. Клучно е да се запрат нивните бекови, тука мислам на Липовина. Воедно не смееме да им дозволиме да имаат серија голови. Ова е многу важен натпревар, бидејќи имаме квалитетен и незгоден противник. Ние веќе ја заборавивме Словенија, а мислиме само на Црна Гора, изјави крилото на македонската репрезентација Гоце Георгиевски, познат по прекарот Џомба.
Проблем за нашата репрезентација може да претставува повредата на Филип Миркуловски чиј настап се уште е неизвесен. Последниот збор ќе го има лекарскиот тим заедно со стручниот штаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


