| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците Тарчуловски, Василевски и Арнаудов остануваат во притвор

Пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски остануваат во притвор. Апелациониот суд во Скопје на нејавни седници ги одби нивните жалби, како и жалбите на останатите обвинети меѓу кои и Јане Ченто, како неосновани и ги потврди решенијата за притвор на првостепениот суд.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните нејавни седници денеска донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите И. Ц., А. А., Љ. А., Ј. Ч., Ј. Т., С. В. и Е. Д.“, соопшти судот.

Претходно, Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славевски, кои, исто така, се наоѓаат во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top