| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас ја прозва Соња: Карлеуша му викаше да престане, а тој со една реченица ја замолкна! (видео)

Аца Лукас познат е по тоа што тешко некој може да го замолчи и смири кога ќе науми нешто да каже или да направи, што се покажа и во новата емисија на Гранд емитувана во саботата, кога Јелена Карлеуша се обидела да го смири.

Се почнало кога еден натпреварувач ја изведувал песната “Što stariji sve mi više fali”, што на Лукас му бил одличен повод да почне да коментира.

– Многу сакам да ја слушам таа песна, а овој пат имам уште една причина. Имав некое резиме да направам… Што постар се повеќе ми фали она што ти го однесе… и тогаш ставам две точки: куќа, две коли, пари… – почнал Лукас.

– Немој, Ацо! Немој веќе да набројуваш, те молам – рекла Карлеуша која не можела да не се смее на Лукас.

– Па светилникот, тросед.. Е, но станот – не! И така, сега вежбам бицепс – продолжил Лукас.

Имаш простор? – го прашала Снежана Ѓуришиќ.

– Не! Се будам секое утро со две глави на едно, и две глави на друго. Не смеам да спијам сам – рекол Лукас во свој стил, додека целото студио се смеело.

Оваа ситуација погледнете ја на 2:09:30

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top