| четврток, 6 декември 2018 |

Лазо: Предател, комунист! (ВИДЕО)

Дејствието на филмот се одвива во Велес и е приказна за едно талентирано, но злоупотребувано момче кое е предадено од своите илузорни надежи за подобра иднина и, по склоп околници, претворено во криминалец. Филмот дава една мрачна престава на постјугословенска Македонија, портретирајќи ја како место подложно на насилство и корупција

„Илузија“ е македонски филм во австриска копродукција од 2004 година со Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ во главните улоги. Филмот е режиран од Светозар Ристовски, кој е и автор на сценариото во соработка со Грејс Леа Троје.

Дејството на филмот се случува во Велес за време на првите години од независноста на Република Македонија. Приказната се врзува за 13-годишното момче Марко Трифуновски (Марко Ковачевиќ), талентирано момче што расте во семејство на татко пијаница – Лазо (Владо Јовановски), преплашена мајка од која нема никаква поддршка – Анѓа (Елена Мосевска) и промискуитетна, надмена сестра Фани (Славица Манаскова). На училиште, Марко е постојано малтретиран од Леви (Мартин Јовчевски), син на албанскиот шеф на полицијата Блашко (Дејан Ачимовиќ). За да избега од проблемите, Марко често игра шах на локалните гробишта сместени крај железничката. Два ментори му ветуваат подобра иднина на Марко – босанскиот професор по македонски јазик (Мустафа Надаревиќ) и исплашениот војник Парис (Никола Ѓуричко) – но потоа и двајцата го изневеруваат, што на крајот предизвикува катастрофална промена кај него – станува криминалец и го убива својот професор.

Илузорната природа на овие надежи најдобро е конципирана во епиграфот на филмот, еден афоризам од „Човечко, премногу човечко“ на Фридрих Ниче: „Надежта е најлоша од сите зла, зашто ги продолжува човековите измачувања“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top