Осум турски натпреварувачи во дисциплината подигнување тегови се отстранети од Медитеранските игри што се одржуваат во турскиот град Мерсин, откако нивните тестови за допинг излегоа позитивни.
Турските натпреварувачи „паднале” на прегледите во тренинг кампот на репрезентацијата пред почетокот на Медитеранските игри 2013-та.
Претседателот на Турскиот сојуз за дигање тегови, Тамер Ташпинар не сакал да ги открие имињата на осумте натпреварувачи, само додал дека од тројца од нив се очекувало освојување медали.
На турските дигачи на тегови им се заканува суспензија од натпреварувањата во траење меѓу шест месеци и две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


