| четврток, 6 декември 2018 |

Победа над Словенија, фантастичен почеток на македонските ракометари на ЕП!

Македонската машка ракометна репрезентација со 25-24 (11-11) ја победи Словенија во првото коло од групата Ц на Европското првенство (ЕП) кое почна синоќа во Хрватска.

Ова е фантастичен почеток на најдобрите македонски ракометари кои никогаш до сега не отвориле со триумф на континенталните шампионати. Победа е посебно значајна бидејќи е издвојувана над актуелниот освојувач на бронзен медал од последното ЕП.

Дејан Манасков со осум гола беше најефикасен во македонскиот тим, капитенот Лазаров постигна седум, а по два постигаа Филип Лазаров, Гоце Георгиевски и Филип Миркуловски.

Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес, кој дебитираше на македонската клупа како селектор на „црвено-жолтите“ на ЕП одигра одличен и тежок натрпевар во кој најголемиот товар падна врз плеќите на одбранбените играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top