Шејн Мислер, 20-годишен жител на градот Порт Ричи во американсата сојузна држава Флорда, реши да „замине во пензија“, откако на лотаријата „Мега Милионс“ освои џек пот во износ од 451 милиони долари.
Тоа е четврта најголема добитна премија во историјата на американската лотарија. Лотаријата соопшти дека добитник на џек потот во последното коло од „Мега Милион“ е „контролорот во пензија Шејн Мислер“. Мислер решил одденаш да му бидат исплатени речиси две третини од премијата или сума од 281,2 милиони долари.
Добитниците на премии на лотарија во САД имаат можност да изберат дали сакаат им биде исплатена целата добивка, при што еден мал дел добиваат веднаш, а остатокот на рати, или пак, сакаат исплата оддеднаш, при што добиваат речиси две третини од премијата. Мислер се решил за втората варијанта.
– Планирам да се погрижам за моето семесјтво, да се забавувам и да поставам темели за мојот финансиски успех, за да оставам наследство зад себе во далечна иднина – изјави Мислер.
Тој истакна оти не бил изненаден од добиваката, бидејќи „чувствувал“ дека ќе му се падне џек потот откако го уплатил тикетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Бакнеж за автоматот: Вака славеше добитикот на Џек пот во Кочани (видео)