Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија вечерва со натпреварот против Словенија од 19:30 часот во Загребска Арена, го почнува настапот на своето петто Европско Првенство.
Предводникот на нашите противници и добро нас познат Веселин Вујовиќ пред вечерашната пресметка даде интересна најава и очекување.
-Ги читам медиумите во Македонија, тие се во еуфорија и мислат дека може да стигнат до медал. Односно на нивните медиум ќе им направе преголем притоски. Ако се случи нешто од она што не го очекуваат, ќе има голем пад, изјави Вујовиќ.
Последниот натпревар против селекцијата на Словенија нашата репрезентација го одигра пред точно една година, кога во средбата од групната фаза на Светското првенство во Франција, загубивме со 29:22. Последниот меѓусебен дуел на овие две селекции на Европските Првенства се случи во јануари 2012 година, кога Македонија славеше со 28:27 во борбата за петтото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)