| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска агенција ја доби престижната награда „Титаниум Лајон“

Македонската агенција „Њу Момент“ („New Moment New Ideas Company“) го освои големото признание „Титаниум  Лајон“ („Titanium Lion“) на најголемиот светски фестивал на креативноста во Кан, „Лајонс“.

Признанието „Њу момент“ го освои за проектот „Заедничка молитва“ кој беше дел од кампањата на владата за промовирање на верската толеранција.

Наградата е освоена во конкуренција на преку 35.000 проекти од повеќе од 100 земјо во светот и претставува најголем успех што една агенција од Балканот досега ја освоила во шеесетгодишната историја на престижниот Кански фестивал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top