Град со големина на тениско топче повреди најмалку триесетина лица во силното невреме што ја погоди Србија во саботата дозна навечер во Инџија, во Срем, пренесе во неделата.
Претставници на локалната болница изјавиле дека се пријавиле триесетина лица со повреди на главите и екстремитетите кои биле погодени од невообичаено големите парчиња мраз.
Силното невреме проследено со град го зафатило регионот на Инџија, меѓу српската престолнината Белград и војводинскиот главен град Нови Сад, околу 23 часот предизвикал голема материјална штета на куќите и автомобилите.
Телевизиските репортери јавија дека речиси на секоја куќа во деловите од градот погодени со невремето се скршени прозорци или е оштетен покривот, а има и многу приватни автомобили со скршени стакла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.