| четврток, 6 декември 2018 |

Русокоса ограбила банката и се пофалила на Јутјуб

Штотуку украдов автомобил и ограбив банка. Сега сум богата, пишува под видео, пред полицијата да и тропне на врата.

Хана Сабата (19) од Небраска, ограбила банка и се пофалила на ЈуТјуб и така го открила својот идентитет на полицијата.

Всушност, минатата среда украла автомобил, а потоа ограбила банка. Само што пристигнала дома го поставила видеото на каналот.

“Штотуку украдов автомобил и ограбив банка. Сега сум богата. Ќе си уплатам на колеџ, а потоа одам на шопинг”, напишала разбојничката на хартија, додала дека го живее најдобриот ден од својот живот.

На нејзина голема жалост, девојката не успеала да ги потроши 6.250 долари колку што украла, бидејќи полицијата за кратко време и заѕвонила на врата.

Интересно, видеото го снимила во иста облека во која ограбувала. Девојката протестирала и се прикажала себеси како жртва, бидејќи нејзиниот син и го одзеле властите поради небрежност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top