| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има ли Македонка во албанскиот Парламент?

Oколу 3,3 милиони албански државјани со правo на глас денеска бираат 140 нови пратеници во Парламентот на Албанија, на избори кои се оценуваат како клучни за европската иднина на земјата.

Од утово во 7 часот се отворени над 4.400 гласачки места, а гласањето ќе трае до вечер до 19 часот. Изборите ќе ги следат над 400 набљудвачи на ОБСЕ, чија Мисија ја предводи Кони Меккормак. На изборите учествуваат 66 политички партии, но главната битка ќе се води меѓу владејачка Демократска партија (ПД) на премиерот Сали Бериша и опозициската Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама.

ПД ја предводи коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“, во која учествува и Македоската алјанса за европска интеграција (МАЕИ), додека ПС е предводник на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“, во која партиципира и Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) на доскоро владиниот партнер Илир Мета, која е трет по значење политички субјект во Албанија. Самостојно на изборите настапуваат партијата Нов демократски дух на поранешниот
албански претседател Бамир Топи и нациоалистичката Алијанса „Црвено-црни“ на Крешник Спахиу, кои исто така би можеле да обезбедат пратенички мандати.

Анкети покажуваат водство на блокот на социјалистите со предност од три до пет отсто. Најголемиот проблем кој може да предизвика проблеми е нецелоноста Централната изборна комисија (ЦИК), која по оставките на тројцата претставници на опозицијата, сега функционира само со четворица членови и покрај апелите на меѓународните претставници за нејзино докомплетирање.

На овие избори МАЕИ очекува да го доби првиот пратеник Македонец во албанскиот Парламент. Иако, партијата учествува со 86 кандидати во сите 12 изборни единици, реално шанси за добивање пратенички мандат има само во избрната единица во Корча, каде носител на листата е Валентина Нестор, по потекло од Пустец, која работи како лектор по македоски јазик во Универзитетот во Тирана. За победа на Нестор и се потребни 3.500 гласови. Концентрацијата на Македонците во околијата Корча е голем (само во општина Пустец има 4.500 гласачи), па реални се очекувањата таа да биде запишана во историјата како прв пратеник Макадонец во еден албански законодавен дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top