| четврток, 6 декември 2018 |

Возач на камион усмрти градежен работник во Гостивар

М.К. (67) од Гостивар, вработен во гостиварска фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Несреќата се случила околу 10.00 часот на локалниот пат за селото Падалиште, гостиварско, на околу еден километар од железничкиот надвозник, М.К. додека работел друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад и, без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К., кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал. Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top