Нема поправање, нема каење, за Македониај се работи, предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Груевски на митингот во Штип уште во декември 2016 година.
Зборувајќи за намерите на сценаристите кои го најмиле Зоран Заев за да ги спроведе нивните намери, Груевски нагласи дека ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад.
– Кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што ѝ следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грешки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, дабидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина – изјави Никола Груевски на 2 декември пред штипјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)