| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобилите со регистрации од други градови нема да смеат да влезат во центарот на Скопје?

Граѓаните што доаѓаат од надвор ќе може да возат само до периферните влезови на градот каде што ќе им биде обезбеден паркинг простор. И оваа мерка нема да биде краткотрајна само кога воздухот е загаден, туку во план е така да функционира засекогаш. Мерката веќе наиде на негодување кај жителите од останатите градови, пишува дневниот весник Вечер.

Околу 30 до 40 илјади возила од цела Македонија секој ден доаѓаат во Скопје. Бројките покажуваат дека од источна Македонија дневно во главниот град влегуваат околу 12.000 возила, додека фреквенцијата е нешто поголема на автомобилите што доаѓаат од западна Македонија и изнесува 18 000 возила. Токму поради тоа власта планира една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот во метрополата да биде насочена кон овие возила.

Според Град Скопје и Министерството за животна средина се планира да се ограничи движењето на овие автомобили низ главниот град. Граѓаните што доаѓаат од надвор ќе може да возат само до перфиерните влезови на градот каде што ќе им биде обезбеден паркинг простор. И оваа мерка нема да биде краткотрајна само кога воздухот е загаден туку во план е така да функционира засекогаш.

– Во Гази Баба и во Ѓорче Петров веќе се бараат локаци за паркинг простор. Од таму граѓаните ќе треба да фатат автобус или на друг начин да отидат до крајната дестинација, изјави завчера заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Сепак, ваквата мерка веќе наиде на големо негодување од жителите на другите градови, пред се како што велат поради фактот што често доаѓаат во метрополата заради болнички испитувања.

– Речиси секој ден возам патници од Виница за Скопје, освен студентите другите клинети речиси сите одат во Државна болница на доктор, ретко некој да оди заради шетање и гости. Како граѓаните што имаат здравствени проблеми ќе се симнат на влез на Скопје и ќе се малтретираат до болница кога станува збор за болни лица на кои им е тешко да се движат низ болница, а не да бараат автобуси, да се снаоѓаат, а не го ни познаваат Скопје, плус губат време а таму се со термин, вели анонимен таксист од Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top