Спектакуларен меч со 6 гола одиграа Бразил и Италија, а „кариоките“ беа поуспешни и славеа со 4-2, на последниот меч по групи на Купот на конфедерации. Во вториот дуел, Мексико ја забележа првата победа на Купот во Бразил, против Јапонија со 2-1.
Италија ќе игра против Шпанија во полуфиналето, а Бразил веројатно за противник ќе го има големиот ривал од Јужна Америка, Уругвај.
Бразил и Италија приредија фудбал за уживање на „Фонта Нова“ арената, во Салавадор, а особено возбудлив беше вториот дел, со 5 гола. Данте кој влезе во игра наместо повредениот Давид Луиз, во 45. минута му донесе предност на Бразил.
Во вториот дел имаше дури 5 погодоци, а вистинско ремек-дело беше третиот по ред, што го постигна Нејмар. Од слободен удар, новиот фудбалер на Барселона ја симна пајажината од голот на Буфон. Претходно Џакерини израмни, а со двата гола на Фред, Бразил си обезбеди триумф над вечниот ривал Италија. Стрелец на вториот погодок за Италија беше Кјелини.
Мексико со головите на Хавиер Ернандес или попознат како Чичарито ја совлада Јапонија. Напаѓачот на Манчестер јунајтед на двапати беше прецизен со удари со глава, а имаше можност и за хет-трик, но промаши пенал во завршницата. Оказаки го постигна почесниот погодок за Јапонија. И двете репрезентации беа испаднати уште пред стартот на меѓусебниот дуел, вечерва, а во полуфиналето се пласираа Бразил како прв и Италија со второто место во групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот


