Tаткото на осумгодишното девојче од Пакистан, чие брутално силување и убиство ја шокираше нацијата, денеска ја обвини полицијата поради бавната истрага откако неговата ќерка била пријавена за исчезната.
Убиеното девојче од градот Касур во регионот Пунџаб, Заинаб Ансари, исчезна минатата недела додека од својот дом одела кон училиштето за веронаука, а нејзиното тело беше пронајдено во депонија во вторникот. Аутопсијата покажа дека најпрво била силувана, а потоа задавена. Во меѓувреме беше објавена и снимка од надзорна камера на која се гледа како непознат човек ја води Заинаб за рака. Сепак, полицијата не ги откри овие снимки, туку братучетка на девојчето.
Нејзиното ужасно убиство предизвика насилни протести во областа. Демонстрантите, незадоволни од несоодветната полициска заштита за нивните деца, вчера се обиделе насилно да влезат во полициската станица.
Во Касур, според локалниот командант на полицијата, минатата година имало 12 слични случаи во кои девојчиња биле киднапирани, силувани и убиени.
-Сите случаи се слични… Се чини дека зад нив стои сериски убиец“, рече портпаролот на провинциската управа, цитирајќи ги наодите од првичната истрага. Сепак, според пакистанскиот весник „Дон“, во 2015 година полицијата открила организиран педофилски синџир кој од 2009 година киднапирал и силувал дури 280 деца.
Како што објави „Њујорк тајмс“, таткото на девојчето, Анес Ансари, бил на аџилак во Саудиска Арабија заедно со неговата сопруга во времето на исчезнувањето на нивната ќерка. Ансари по враќањето имал состанок со главниот министер на Пунџаб, Шахбаз Шариф, кој дојде во Касур за да се најде со семејството на убиеното девојче по нејзиниот погреб во вторникот.
CCTV footage of the guy who apparently murdered Zainab… DPO Kasur is investigating the case .. Some clear images are also obtained along with other clues which may lead to the main culprit IA #JusticeForZainab #Kasur – a heart wrenching incident! pic.twitter.com/BnkQRb6btO
— Abubakar Umer (@abubakarumer) January 9, 2018
-Ако полицијата дејствувала навреме, сторителот би бил фатен, сега се плашиме да ги оставиме нашите деца надвор од куќата. Како е возможно нашето дете да било киднапирано среде преполн пазар?“ прашал огорчениот татко во изјава за локална телевизија. Мајката во истото интервју во тага извикала: „Сакам правда, сакам правда!“
Убиството на малата Заинаб предизвика општо несогласување во пакистанската јавност, особено поради фактот дека тоа е само последно во серијата вакви злосторства, а десетици активисти за човекови права протестираа во Лахор и Карачи. Хаштагот „Правда за Заинаб“ (JusticeForZainab) стана вирален на социјалните мрежи во таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)