Долго најавуваната бродска линија Охрид –Подградец наскоро ќе се реализира, јави „Сител“. Преговорите со Албанија се обновени ,оформена е нова работна група која работи на овој проблем кој години наназад се провлекува. Капетенот Устијаноски вели дека она што радува е тоа дека полицијата и царината изнајадоа модус да ги сведат на минимум постапките со цел штедење на времето на туристите,односно минимално задржување на граничниот премин.
Секоја група која ќе сака со брод да ја премине границата ќе треба ден порано да поднесе список до надлежните се со цел навремена идентификација на туристите.
Доколку процедурите со комерцијалните бродови се покажат како успешни во иднина од капетанијата на пристаништата најавија дека ќе се прават напори и за индивидуални преминувања на границата од кои бенефит и поголем прилив на туристи би имале крајезерските градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.