| четврток, 6 декември 2018 |

„Мини купер“ слави 50 роденден

Од BMW објавија дека денес и утре се слави 50 годишнината од Mini Cooper S на познатата тркачка патека Brands Hatch, каде илјадници Мини фанови ќе имаат можност да уживаат во жива свирка, автомобилски шоу-а и трки.

Според Германската компанија, сите генерации ќе бидат презентирани на Mini Фестивалот во Brands Hatch и ќе учествуваат во трка на која ќе се докаже најспортскиот Cooper S од петте декади.

Mini ќе претстави неколку сегашни и историски тркачки и рели возила, вклучувајќи го и Mini-то кое победи на Монте Карло Релито во 1964 и Mini ALL4 racing со кое Стефан Петерхансел победи на овогодинешното рели Дакар.

Претставен во 1963 како автомобил развиен за трка, Mini Cooper S стана еден од најуспешните возила во мотоспорт индустријата, победувајќи на неколку настани, вклучувајќи го и фамозното Монте Карло Рели во 1964, 1965 и 1967.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top