Претставници на општините и градоначалници од Полска, Романија, Чешка, Унгарија, Грција, Италија и Германија наредните неколку дена се во посета на Берово, јави телевизијата „Ирис“. Цел им е да се прошири соработката и да се разменат искуства околу проектите што се реализираат со европските фондови.
Овие проекти ни помагаат да добиеме повеќе информации и да ја зајакнеме соработката со другите општини од Европа, вели Драги Наџински, градоначалник на Берово. Ханс Херман како претставник на германска општина(Alsbach-Hähnlein) прв пат е во Македонија, но она што успеал да го види во Берово само му го потврдило ставот дека Македонија е земја во која вреди да се инвестира.
И за заменик градоначалникот на општината Локрои од Грција, Илас Коломитас соработката со општините е добредојдена за подобрување на нивната меѓусебна комуникација. Посетата на претставниците од европските општини се реализира во рамките на проектот Европа за граѓаните. А последните средби ќе се организираат во Унгарија и Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)