| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот во Швајцарија зароби 13 илјади туристи (видео)

Тринаесет илјади туристи се зарабени во Зермат, скијачки центар во Швајцарија поради снег кој ги блокираше сите патишта и возот што води до одморалиштето во јужниот кантон на Швајцарија Вале, кој има проблеми и со снабдувањето со електрична енергија.

Официјалните претставници објавија дека во моментов не е можно да се дојде до Зермат, но ниту да се замине бидејќи главниот пат е затворен.

Резортот беше речиси полн, бидејќи има 13.400 туристички места, а таму живеат и 5.5 илјади мештани.

За ситуацијата да биде уште полоша, поради високиот ризик од лавини, туристите нема да можат да ги користат скијачките патеки.

Патиштата покрај со снегот се затворени и со големи одрони од кал и камења

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top