На вчерашната 48. седница Владата на Република Македонија донесе и неколку кадровски решенија и именуваше неколку нови директори на државни инспекторати. Една од овие смени е разрешувањето на Генералниот секретар Драги Рашковски од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на Телеком за чие назначување на ова место македонската јавност бурно реагираше дека станува збор за брутално кршење на законот и јавно се бараше Рашковски да си поднесе неотповиклива оставка.
– Дојде време кога Рашковски треба да покаже барем тронка морал и да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата како владин претставник во Македонски Телеком, кој самиот незаконски се назначи и самиот си го потпиша решение. Рашковски брутално без срам го крши законот и затоа око не му трепнува. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком“, истакна кратко по негвото назначување Светлана Јакимовска.
Како да беше е доволно неговото незаконско назначување на оваа позиција, Рашковски беше обвинет дека се однесувал деспотски на Собранието на Телеком и не им дозволил на акционерите да ги постават своите прашања и активно да се вклучат во дискусијата на собранието на Телеком.
– Акционер на „Телеком“ сум уште откако акциите беа пуштени во промет и не сум прескокнал ниту една седница до сега. Однесувањето ме изненади и разочара. Рашковски како да сака да воведе диктатура. Тој очигледно не разбира како функционира Собранието на акционери. Ние не сме таму само за декор, истакнал вели Симо Груевски малционски акционер во Телеком.
Сепак, очигледно Владата на СДСМ нашла „соодветна“ замена за Рашковски ни помалку ни повеќе туку во специјалната советничка на Заев, Тања Чачарова Илиевска. Токму таа претходно од премиерот Заев била назначена за посебен советник кој ќе го советува за теми од ресорот правда. Таа на последните избори пред Државната изборна комисија ги образложуваше приговорите на СДСМ.
Посебната советничка за правни работи на премиерот Зоран Заев и новиот претставник на Владата во Телеком, завршила Гимназија во Радовиш во 1982 година, во 1990 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје, во 1993 година положила правосуден испит, а во 2015 година запишала постдипломски студии на Американ Колеџ, насока деловно право.
Таа била член на правниот совет во СДСМ, а од таа позиција ги застапувала и приговорите на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Фокус“: Акционерите обвинуваат – Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком
-
Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?
-
Откако си ја вработи бабата, Рашковски тргна да прошета до Њујорк на државна сметка
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?