Активистот во Шарената револуција Замир Мехмети, по предлог на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и СДСМ од денеска е член на Одборот на директори на Телеком.
Професионалното портфлио на Замир Мехмети сигурно не му обезбедува директорка позција, па јавноста живо сја интересира со кои предиспозиции, кавилитети, искуства и критериуми Мехмети станува директор во компанија во која Владата учествува со 38,68 проценти во сопственичката структура.
Замир Мехмети е истакнат борец против „режимот на Никола Груевски“ и активист на Шарената револуција. На минатогодишните дивеења беше член на групата „Шарени командоси“ кои со пластични пушки наполнети со боја, ги боеја фасадите на државните институции. Мехмети е поранешен член на Советот за радиодифузија, а работеше и како новинар во „Макфакс“. Тој во животот нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.
Интересно е како Замир Мехмети го прифатил предлогот од Владата, за кој гласале и министрите од ДУИ, кога тој не би ги ставил ниту за благајници во куќен совет.
„Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака“, мислеше Мехмети во мај.
Владата на компанијата ѝ го предложила Горан Трајановски да биде избран за главен и оперативен директор, а за неизвршни директори покрај Мехмети, предложени се Сашо Велевски, Дивна Ефтимовска и Анета Симеска. Досегашниот член Назим Буши треба да биде реизбран.
Новите членови на одборот доаѓаат на местата на Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев кои беа поставени на предлог на Владата на Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замир Мехмети: Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот Сашо Тасевски
-
„Фокус“: Акционерите обвинуваат – Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?
-
Повторно падна Телеком, корисниците блокирани