Откако генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ја вработи бабата како претседател на второстепена, вчера вечерта со четири куфери од Истанбул отпатува за Њујорк. Несвојствено е за генерален секретар да биде дел од владина делегација, особено што неговиот делокруг не е меѓународна политика, туку организациона работа во владата.
Очигледно Рашковски на државна сметка оди да се прошета во Њујорк неколку дена порано од присуството на македонската делегација на генералното собрание на Обединетите нации каде ќе присуствува премиерот Зоран Заев.
Како што веќе беше објавено, Рашковски, си ја поставил бабата за претседател на второстепената владина комисија. Елена Начевска, мајка на Вероника Начевска (сопругата на Драги Рашковски) е именувана за претседател на Комисијата за жаби. За именувањето на мајката на сопругата на Рашковски за претседател на второстепената владина комисија, Владата неодамна информираше преку соопштение кога беа објавени 67. нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк