Младите кои учествуваа во протестите поради паркот Гези се жртви на подмолен план, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во обраќање на митинг на негови приврзаници во градот Самсун во северна Турција, јави „Сител“.
– Кој доби со овие протести што траат три недели? Доби лобито на лихварите, добија непријателите на Турција. А загуби, иако малку, економијата и загубија туристите. (Во Турција) има слобода како што немало никогаш досега, нагласи Ердоган.
Тој ги обвини учесниците на протестите дека започнале како војници на основачот на модерна Турција, Мустафа Кенал Ататурк, а завршиле како војници на лобито на лихварите.
– Младите станаа жртва на таквиот подмолен план… И што требаше да прави полицијата? Дали тие места требаше да останат окупирани?, запраша Ердоган, нагласувајќи дека полицијата си ја извршила својата должност.
Сепак, Ердоган рече дека е можно полицијата да напарвила грешки, додавајчи дека Министесртвото за внатрешни работи спорведува истрага во врска со таквата можност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.