| четврток, 6 декември 2018 |

Немаше половина глава – се обидувал со автомобилот да ја стигне Брзата помош во која бил татко му, а тогаш ја видел најужасната сцена!

-Мојот татко немаше пола глава, целиот беше искршен. Ова е страшно, да не му даде Господ никому да доживее такво нешто – вели Немања Митиќ (27), чиј татко Горан (56) од Долно Требешиње кај Врање загина во стравична сообраќајна несреќа кога испадал од возилото на Брзата помош, па на него налетал камион и го убил.

Немања вели дека тој кобен 29 декември со сестрите бил во возилото кое ја следело Бразата помош, која од Ниш нивниот татко го враќала во болницата во Врање.

-Не го примија во болницата во Ниш, па тргнавме назад. Цело време беше свесен. Ние бевме зад санитетското возило, но тоа беше побрзо од нас. На влезот во Џеп, каде што се случи несреќата, наидовме на колона. Кога се приближивме на местото на несреќата, на патот видов тело. Мојата сестра рече, ова е нашиот татко. Го препозна иако му се гледаа само нозете – вели Немања и додал дека никогаш нема да го заборави унакажаното тело.

Поради несреќата целото семјство е во шок.

-Од Брза помош да излета пациент, тоа уште не се случило. Не знам зошто возачот морал да претекнува преку полна линија, не морал да брза, бидејќи тато не беше животно загрозен. За ова некој мора да одговара, како не би се случило повторно- вели момчето.

-Пациетото од силината на ударот испаднал низ прозорецот на десната бочна врата и паднал на коловозот. На него налетал камион кој го удрил пациентот со предните тркала. Во таа прилика повредена е и медицинска сестра – велат во обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top