| четврток, 6 декември 2018 |

Матевж Ленарчиќ од Словенија прогласен за најдобар пилот на светот

Словенечкиот екстремен пилот Матевж Ленарчиќ победи на изборот „Flightglobal Achievement Award” за најдобар светски пилот, а наградата ја прими вчера на најголемата воздухопловна манифестација „Paris Air Show”во Франција.

Меѓу номинираните беше и Феликс Баумгартнер, човекот кој минатата година го шокира светот со скок од вселената.

Ленарчич беше номиниран поради своето достигнување од минатата година, кога по втор пат ја прелета земјата со ултра лесното летало „Pipistrel”.

Во таа прилика Словенецот прелета далечина од 80.000 километри, дури шест пати го прелета екваторот и шеесет држави како и 120 национални паркови.

Тој исто така помина и три океани и петте највисоки врвови на светот, вклучувајќи го и Монт Еверест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top