| четврток, 6 декември 2018 |

Само во Џакарта може да се биде професионален автостопер

Со  стопирање на  автомобили можат да добијат дневница повисока од нивните сограѓани, но оваа професија е нелегална, пишува „Нова Македонија“. Во главниот град на Индонезија возачите постојат забрани за возење на автомобил со еден патник во одредени зони и затоа возачите им плаќаат на стоперите да се возат со нив.

Во Џакарта има 30 милиони жители, а 20 милиони возила. Заради намалување на сообраќајниот метеж властите донеле одлука во некои централни градски подрачја да се влегува со автомобили со најмалку троца патници.

Професионалните автостопери  не го подигаат палецот, туку показалецот за да покажат дека се слободни патници, за кој возачот мора да плати одреден надомест! Доколку се двајца патници стоперот го подига показалецот и средниот прст.

stoper

Но законот го забранува ова па затоа полицајците често ги стопираат автомобилите во кои има „сомнителни“ патници. Тогаш на возачот му останува да даде добро образложение и доказ дека патниците се негови роднини, блиски пријатели или колеги од работа.

Ако просечната дневница на работниците во Џакарта е околу еден долар тогаш професионалните стопери заработуваат од 7-8 долари за неколку часа возење низ сообраќајниот хаос во Џакарта. Тоа може да биде и ризична работа, но многу се согласуваат зашто им е единствен извор на приходи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top