На рекламно пано на една фреквентна сообраќајница во Џакарта, пред неколку дена бил пуштен порнофилм, кој цели пет минути ги забавувал возачите што застанале пред оваа необична глетка. Локалната полиција изјавила дека, најверојатно, станува збор за хакерско дело, не е познато како се појавил таму.
– Администрацијата го разгледува овој случај многу сериозно. На крајот за да се тргне филмот од екранот, морала да биде исклучена струјата – изјавиле од полицијата.
Рекламното пано, кое е приватна сопственост што се изнајмува за рекламирање, најверојатно бил цел на хакери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.