Во издание на „Бата прес“ деновиве на македонски јазик се објави историскиот роман – бестселер „Снеговите на љубовта“ од турската и американска авторка Нермин Безмен.
Станува збор за вистинита љубовна приказна која се одвива непосредно пред, во текот и после Првата светска војна и Октомвриската револуција во Русија.
Според безвременската и легендарна сага на Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…
Од првата објава во 1992 до 2014 година објавени се 45 изданија на овој бестселер, а романот од турски и англиски е преведен на голем број јазици. „Бата прес“ во рамките на едицијата „Книга достапна секому“ ги обезбеди правата за објавување на македонски јазик на вториот дел од оваа историска сага.
Нермин Безмен е родена 1954 година, во Турција, каде што и пораснала. Школувањето го продолжила во Невада, а првиот допир со книжевноста го имала во 1991 година, кога ја објавила збирката песни „Љубовта што буди“. Тогаш веќе била многу познат новинар и телевизиски водител, кога, по осум години истражување на своите корени во Крим, во Русија, Прусија, Романија и Франција ја напишала историската сага, љубовната приказна за Сеит и Шура напишана според вистински настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ