| четврток, 6 декември 2018 |

Во декември град Скопје изрекол четири казни за палење отпад

Во текот на изминатиот месец, инспекторите на Град Скопје при вршење контрола на терен изрекле четири казни за палење отпад, од кои 2 се изречени на физички лица, а 2 на правни лица. Во рамките на мерката за огнови на отворено (193) Градот Скопје и превентивно дејствува со изрекување опомени за палење на отворено. Колку биле ажурни инспекторите на градот и колку допринеле за намалување на загадувањето со овие четири изречени казни, проценете сами.

Како што информираат од град Скопје, инспекторите моментално се излезени на терен и вршат вонредни и зачестени контроли, а последниот извештај вели дека засега нема казнети, бидејќи не констатирале отстапување од пропишаните услови.

Вчера градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги најави итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и притоа главната мерка која ја спроведува е повторното воведување на бесплатниот јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, а најави и позасилена контрола над субјектите коишто имаат Б интегрирани еколошки дозволи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top