Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека партијата ќе се врати во Собранието кога ќе се создадат демократски услови за тоа.
-Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратеничката група сè уште се наоѓа во притвор, тоа се 5 проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам, рече Мицкоски.
Тој додаде дека Народниот правобранител недвосмислено констатирал дека при приведување на пратениците на 28 ноември лани е повредено правото на пратенички имунитет и дека полициските службеници не се придржувале до правните процедури за приведување.
-Сето ова е доказ дека во Македонија има класичен политички прогон кон сите кои мислат поинаку од власта и злоупотреба на институциите. Целата слика за недемократскиот амбиент се заокружува со фактот дека десетици други уметници и архитекти се во притвор со измислено обвинение за тероризам и без правен аргумент, рече Мицкоски и истакна дека власта треба да избере меѓу реформите и политичкиот прогон со неистомислениците.
На новинарско прашање како ќе поднесат предлог закон за амнестија ако не учествуваат во работата на Парламентот, Мицкоски рече дека првиот момент кога ќе има демократски услови, тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат.
Во врска со прегрупирање на пратениците од десет во една пратеничка група, рече дека сите опции се отворени.
Мицкоски рече и дека ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот кој би требало да се одржи во Париз, во куќата на Жан Моне.
-За таков процес не сме информирани, ниту имаме официјална покана, ниту ја имаме содржината и намената на овој процес. ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена ниту со датата ниту со целта ниту со содржината за евентуално одржување на тој процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)