| четврток, 6 декември 2018 |

Му впериле пиштол во глава и го натерале да се ожени (видео)

Младоженец од индиската држава Бихар бил присилен да се ожени под закана од оружје. Инженерот Виндо Кумар (29), наводно, бил киднапиран од братот на невестата додека одел на работа.

Откако не се вратил дома, неговото семејство ја контактирало полицијата, по што некој им се јавил и ги известил за неговата венчавка.

Кумар својата невеста ја запознал на венчавка на заеднички пријател, по што нејзината фамилија побарал тој да ја ожени.

На снимката од венчавката може да се види како момчето плаче за време на церемонијата. Во еден момент, му ги бришат солзите, а тој бара да биде оставен на мира. За време на церемонијата тој одбива да стави црвена боја на својата невеста.

Понекогаш татковците во Индија ги киднапираат идните сопрузи на нивните ќерки за да го избегнат големиот мираз, со кои би го привлекувале саканиот маж.

Од 2016. година киднапирани се речиси 3 илјади младоженци, а ниту еден од таквите бракови не е поништен.

По венчавката Кумар побарал полициска заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top