| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе ме види, се смее од уво до уво, а дали му менувам пелени… – Вучиќ откри детали од семејниот живот!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во божиќното интервју отворено проговори за малку познатите детали од неговиот семеен живот. Тој признава дека жали што не поминува повеќе време со своите деца.

-Навистина искрено се кајам што немам доволно време за децата. Ниту на еден начин не можам да ги одвојам. Бескрајно ги сакам и Данило и Милица и Вукан. Повеќе сум врзан за ќерката, но подеднакво ги сакам сите. Што се однесува до најмалиот, Вукан, тој е благородно и добро дете. Не плаче многу. Го бањав и чував, но имам многу малку време за сето тоа. Да ви кажам, кога ќе го види татко му… Целиот зрачи. Се смее од уво до уво кога ќе ме види. Веројатно затоа што малку ме гледа – рекол Вучиќ.

Инаку неговите две деца Данило и Милица се од неговиот прв брак, а  Вукан го доби во 2017 година од својот втоо брак со Тамара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top