| четврток, 6 декември 2018 |

Извршителите сè уште дерат: Наплив на тужби очекувајте во јуни

izvrsiteliБезмалку четири месеци по стапувањето во сила на новиот Закон за извршување, граѓаните се жалат дека се уште извршителите без најава им ги блокираат сметките. Исто така, велат дека наспроти воведувањето на вонсудската наплата со која од почетокот на годинава се плаќа колку што е долгот, извршителите и понатаму ги дерат, па за сметка од две до три илјади, им наплаќаат 15 илјади денари, дури и повеќе.

Извршителите, пак, имаат објаснување за оваа ситуација и велат дека не се виновни за неа. Според извршителот Гордан Станковиќ, проблемот е во тоа што еден член на новиот Закон за извршување е погрешно протолкуван како обврска должникот да биде известен дека сметката ќе му биде блокирана.

– Таква обврска не постои. Должникот всушност добива налог за присилна наплата, а не известување за блокада. По добивањето на налогот тој треба во рок од три дена да го плати долгот или да ја наведе сметката од која присилно ќе се наплати и да даде слични информации со кои ќе се поедностави извршувањето. Ако не плати, добива втор налог со кој почнува извршувањето, но тоа не мора да биде преку блокирање сметка, туку и на друг начин, како на пример заплена, за што решава извршителот, а понекогаш за начинот за извршување одлучува и самиот доверител, објаснува тој за „Вечер“.

Што се однесува до вонсудската наплата, која се применува за долговите за струја, парно, вода, телефон, кабелска телевизија и одржување на згради, и функционира на тој начин што извршителот го известува должникот за сумата и бара од него да ја плати во рок од 15 дена без дополнителни трошоци, според проценките на извршителите ќе профункционира од почетокот на летото, кога на граѓаните ќе им се соберат повеќе долгови.

Причина за ова е тоа што вонсудската наплата влегува во примена за долгови направени почнувајќи од 1 јануари годинава па натаму, кои за да не застарат, комуналните претпријатија имаат рок да ги тужат најрано до крајот на годинава. Исто така, со новите правила за извршување комуналното претпријатие може да побара вонсудска наплата истпвремено за 11 сметки на еден должник и за тоа да плати седум евра, исто како што би платил за една.

Целиот текст пролитајте го ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top