| четврток, 6 декември 2018 |

Се спроведува ли воопшто мерката на Шилегов? На Водно денеска „вриеше“ од автомобили (фото)

Град Скопје пред околу еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Мерката која ја воведе градоначалникот Петре Шилегов очигледно се спроведува селективно или воопшто не се спроведува.

И денес, како и претходни викенди и празници, на Средно Водно “вриеше“ од автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top